петок, 5. март 2021. Вести денес: 137
home Скопје

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 15 пациенти, а вкупно се лекуваaт 245 болни

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 15 пациенти, а вкупно се лекуваaт 245 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 245 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 21 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 9 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти.

Вкупно 245 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 148 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Коронавирус