понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 184
home Скопје

ВО БУТЕЛ: „Да направиме македонска енергија за лавот“, организирано гледање на финалната борба на Георгиевски за олимписко злато

ВО БУТЕЛ: „Да направиме македонска енергија за лавот“, организирано гледање на финалната борба на Георгиевски за олимписко злато

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски денеска се пласираше во финалето на Олимписките игри. По две децении македонскиот спорт доаѓа до медал на Олимписките игри, а нашиот Дејан ќе се врати дома со сребро или злато.

Финалната борба против Русинот Владислав Ларин е закажана во 14:45 часот, а преку социјалните мрежи Дарко Костовски информира дека се организира заедничко следење на финалето во скопски Бутел.

-Кој може и сака организирано е заедничко гледање на финалето со почеток од 14 часот во холот на ОУ Св. Климент Охридски Бутел, местото каде што ТКД Бутел и Деки започнаа со оваа магија. Ќе ни значи вашето присуство, да направиме невидена МАКЕДОНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ЛАВОТ. ЗА МАКЕДОНИЈА, со Господ, напиша Костовски на Фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус