понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 172
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

ВНИМАВАЈТЕ: Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје

ВНИМАВАЈТЕ: Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје

Поради верскиот празник Задушница денеска во периодот од 6:00 до 16:00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде што се очекува зголемен интензитет на сообраќај, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во овие реони.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на улицата „Боца Иванова“ и излегување од улицата „Боца Иванова“ кон улицата „Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ – по улицата „Јужноморавски бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.

Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и наредбите на униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Дополнителни автобуси на 59, 59 А и 59 Б

ЈСП Скопје за верскиот празник Задушница вчера и денеска воведе дополнителен број автобуси на линијата 59, 59 А и 59 Б.

Дополнителен број автобуси ќе сообраќаат на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59 А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59 Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел).

Коронавирус