петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Скопје

Внимавајте: Денеска посебен сообраќаен режим на оваа улица во Скопје

Внимавајте: Денеска посебен сообраќаен режим на оваа улица во Скопје

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Сообраќајот на улицата „Даме Груев“ во Скопје денеска ќе се одвива со изменет режим заради потребите на „Скопје филм студио“ за снимање на филмот „Хомо“. Продукцијата информира дека сообраќајот ќе биде стопиран од 6 до 18 часот, а возилата ќе се пренасочуваат кон околните улици, со повремени пропуштања.

Локални избори 2021