понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 103
home Скопје

„Внимание, Шилегов тестира контејнери“…

„Внимание, Шилегов тестира контејнери“…

Изборната програма на СДСМ за локалните избори беше преполна со ветувања, а едно од тие ветувања беа и подземните контејнери од кои градоначалникот Шилегов, пишува советникот Александар Трајановски.

На мое директно советничко прашање одговори дека се повлекуваат од идејата бидејќи како што самиот тој истакна, истите се прилично скапи и неисплатливи. Предвидените Буџетски средства за оваа намена од 2019та и 2020та беа повлечени и пренаменети за други потреби, а истото беше направено и од општините во кои беше предвидена нивна изградба, меѓу кои и Општина Карпош.

Еве сега од некаде улетала некоја мустра па да ја пробаме, а не е на одмет и да се испосликаат и додека тестираат контејнери.
Инаку овие контејнери се полуподземни, не знам по што се разликуваат од подземните, ама тоа прашање ќе оставам да го одговори самиот Шилегов, пишува на Фејсбук портпаролот на ГРОМ и советник во Град Скопје.

Коронавирус