понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 31
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Петре Шилегов ги казнува драчевчани?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Петре Шилегов ги казнува драчевчани?

Трета година од мандатот на Петре Шилегов а нема абер од завршување на Булеварот Борис Трајковски до Драчево. Проектот е готов уште од претходниот градоначалник а беа обезбедени и финансиски средства во буџетот на град Скопје за започнување на градежните работи. Мистериозно но тој до денеска не е започнат ниту има најава за завршување на последната фаза од прошитувањето на овој булевар.

Петре Шилегов ги заборави Драчевчани а и несамо нив. Булеварот го користат и стотина компании со неколку илјади вработени кои гарвитираат по неговата должина и во околината. Истиот го користат и жителите на Студеничани, Батинци, Зелениково и дестици други населени места или вкупно околу 50 000 жители. Претходно беа изградени 4.6 километри на булеварот, од центарот на градот до населбата Пинтија.

За финалзирање на овој проект остануваат уште 1.8 километри.

Прашуваме зошто ги казнува казнува Шилегов сите овие граѓани кои секојдневно возат подупки и неозначен пат кога гледаме дека:

· Има пари за набавки во 4 очи од 200 000 евра во ЈП Дрисла за фирми на кланот Заеви,
· Има пари за партиски вработувања од неколку милиони денари
· Има пари за невладините огранизации во кој членуваше Шефот на кабинет Никола Наумовски,
· Има 1 милион евра за чистење на снег кој никогаш не падна
· Има пари за најскапо новогодишно украсување во историјата на Скопје од скоро 300 000 евра

Полека но сигурно Петре Шилегов го заслужува епитетот најлошиот градоначалник во историјата на Скопје.

Став на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

ЕУРО 2020

Македонија