сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 14
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ во Карпош бара 10 илјади дрва и систем за мерење на загадување во секое маало

ВМРО-ДПМНЕ во Карпош бара 10 илјади дрва и систем за мерење на загадување во секое маало

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Карпош упатија неколку барања до Општината, а во интерес на граѓаните.

По вчерашната седница тие истакнаа дека одговорноста која ја имаат пред граѓаните е мотив за нивната континуирана и максимална посветеност како опозиција во Советот на Општина Карпош.

-Нашите програмски определби, заложби и ставови од седниците на Советот, детектирани недостатоци, како и мислењата и предлозите од многуте средби со граѓаните на Карпош изминатава година беа срочени и конкретизирани како предлог проекти за реализација во следната 2019 година. Доленаведените предлози, детално образложени и аргументирани беа прифатени на денешната седница на Советот на Општината, велат од советничката група.

– Имплементирање на систем за следење на загадувањето на воздухот со цел полесно откривање на потенцијалните загадувачи.
– Засадување на 10 000 повеќегодишни садници и ревитализација на блоковското зеленило во Карпош
– Изградба на прифатен центар за вакцинирање и згрижување на бездомните кучиња
– Реконструкција, чистење и осветлување на постојните подземни гаражи на територија на општина Карпош
– Отстранување на депонијата, уредување и озеленување на просторот кај реката Лепенец
– Реконструкција на сите надворешните спортски игралишта во основните училишта
– Реконструкција и повторно ставање во функција на пречистителната станица во Нерези

Реализацијата во 2019 година ќе се одвива етапно преку Програмите за работа, Буџетот на Општината и соработката со други државни и јавни институции, а будно следена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.