четврток, 22. август 2019. Вести денес: 99
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба издејствува: Надоместок за градинка, ужинка и екскурзии за децата на припадниците на безбедносните сили од 2001-ва година

ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба издејствува: Надоместок за градинка, ужинка и екскурзии за децата на припадниците на безбедносните сили од 2001-ва година

Локалната власт има должност да се грижи за потребите на граѓаните од различни категории, порачува Валентина Петровска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Гази Баба.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба како свој приоритет ги има интересите на социјално ранливите категории како и лицата кои имаат значаен придонес за заедницата во која живееме.

-Оттука, би сакале да ги информираме граѓаните од Општина Гази Баба дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предложи и донесе одлука за овозможување на посебни права или олеснувања за припадниците на безбедносните сили на Република Македонија како и членовите на нивните семејства кои живеат во Гази Баба. Нашата иницијатива и донесената одлука подразбира конкретни мерки наменети за луѓето кои учествуваа во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет во воениот конфликт од 2001 година и тоа ослободување од: трошоци за комуналии за градба, надоместок за градинка, надоместок за ужинка во основните училишта, надоместок за училишни екскурзии, надоместок за услугите кои ги врши ЈКП „Гази Баба – 2007“ – Скопје во руралниот дел. Со овие поволности веруваме дека приближно ќе им се надомести за сето она што го направија за нашата држава. Партијата ВМРО-ДПМНЕ и советничката група во Општина Гази Баба ќе продолжат и во нареден период да предлагаат низа предлози и иницијативи за подобрување на животот на сите граѓани, порача Петровска.