петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Среќна нова 1712, Шилегов ја откри парната машина

ВМРО-ДПМНЕ: Среќна нова 1712, Шилегов ја откри парната машина

Среќна нова 1712, Шилегов ја откри парната машина. Откако СДСМ почна да дели иновации и за печатници и реинкарнација, се разбуди креативноста кај нивните функционери, па Петре Шилегов денес презентираше чистење и одржување на улици како проект на градот, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ до градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

– Трагично е што Шилегов кој нема направено ниту еден проект за Скопје и скопјани во изминативе 10 месеци мора да го презентира чистењето на улиците како капитален проект, работа која спаѓа во редовен делокруг на надлежности на ЈП Комунална хигиена. Чистењето и одржувањето на хигиената на улиците е обврска на градот и општините, а не проект и измислица на Шилегов. Дали Шилегов мисли дека граѓаните треба да му бидат благодарни што ЈП Комунална хигиена ќе ја извршува работата за која  е платена? Чисто Скопје е императив за градската власт. Одржување на комуналната хигиена е обврска. Шилегов наместо да држи празни прес конференции да се фати за работа бидејќи скопјани очекуваат работа, а не фалби со  работите кои се должни да ги извршуваат, се додава во соопштението.

Коронавирус