вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 139
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ со обвинување: Во Чаир има 100 % нереализација на проектите

ВМРО-ДПМНЕ со обвинување: Во Чаир има 100 % нереализација на проектите

100% НЕРЕАЛИЗАЦИЈА во Општина Чаир

Почитувани граѓани на Општина Чаир,

Во изминатите неколку денови може да ги видиме прес конфернциите на Советниците на СДСМ од Општина Чаир, кои се поддршка на Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, каде што ги потенцираат тековни зафати превземени од градот, а кои се однесуваат на замена на бекатонските коцки на постоечкиот тротоар со асфалт на улицата Џон Кенеди и реконструкција на улицата Макодонско Косовска Бригада.

Мора да потенцираме дека за улицата Македонско Косовска Бригада беше спроведена постапка и завршена проектна документација уште во времето кога градоначалник на Град Скопје беше Коце Трајановски. Прашањето за тоа зошто се чекало цели три години за негова реализација и уште многу други прашања се веќе посебна тема.
Како Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Чаир уште еднаш го прашуваме Градоначалникот на Град Скопје кога ќе ги исполни ветувањата дадени во предизборната програма, а кои се однсуваат на:

ЗЕЛЕН КОРИДОР НА РЕКАТА СЕРАВА РЕКРЕАЦИЈА ЗА СИТЕ!
НОВО СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ КАЈ ЈАЈА-ПАША ПОБЕЗБЕДНО И ПОРЕЛАКСИРАНО!
МОНТАЖНИ ПАРКИНЗИ „ЧАИРЧАНКА“ и „ЏОН КЕНЕДИ“ ЗА ПОВЕЌЕ ПАРКИНГ!
СПУШТЕНА РАСКРСНИЦА КАЈ МАВРОВКА ГО РЕЛАКСИРАМЕ НАЈТЕСНОТО ГРЛО ВО СКОПЈЕ!
Со ова уште еднаш се докажува 100% НЕреализација на проектите ветени на граѓаните на Општина Чаир.

Не може на граѓаните на Општина Чаир да им ветувате, истите да ви дадат одредена поддршка и потоа да ги заборавите. Не може во три години да немате релизирано ниту еден ветен проект и да пробате да ги задоволите чаирчани со мали нефункционални и непотребни градежни зафати, како што се поставувањето на бетонски барикади на улицата Цветан Димов, менување на бетонските коцки од Џон Кенеди, а при тоа да не размислите дека автомобилите повторно ќе се паркираат на пешачката патека поради тоа што немаа соодветно решение за своите возила, или пак нефункцинален кружен тек кај поликлиниката Чаир, или пак кажано со народни зборови да правите “шминкање“ само на неколку површини во нашата општина.

Граѓаните на Општина Чаир многу брзо ќе имаат можност да го казнат вашето неработење и да ви кажат дека тие не се за потценување. Општина Чаир е дел од градот Скопје и граѓаните кои живеат во нејзе заслужуваат да имаат пристоен и удобен живот, а особено кога се работи за начинот на извршување на нивните секојдневни обврски во рамките на својата општина.

Советничка Група на ВМРО-ДПМНЕ
на Општина Чаир

Фејсбук статус на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Чаир

Коронавирус