понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 281
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со километарските редици и хаосот со субвенциите ризикува градот Скопје да стане нов корона кластер

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со километарските редици и хаосот со субвенциите ризикува градот Скопје да стане нов корона кластер

Се случува сериозна хаварија поради неодговорноста и неспособноста на Петре Шилегов. Секој ден стотици Скопјани чекаат ред по неколку часа за субвенции на велосипеди и тротинети во услови кога се случува најсилниот пик на заразата со корона, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во градот Скопје гласаше за субвенции за тротинети и велосипеди и смета тоа дека е корисен проект, но максимално штетен е хаосот со начинот на аплицирање и колоните редици и оправданата нервоза кај скопјани. Во 21 век Шилегов наместо да овозможи аплицирање по електронски пат, тој го строи народот во колони и редици директно изложувајќи го на закана на корона вирусот. Шилегов со редиците од неколку стотина метри пред град Скопје и хаосот со субвенциите ризикува да стане нов корона кластер. Шилегов со ова станува закана за здравјето на Скопјани, истакнуваат од опозицијата.

Апелираме веднаш да се смени начинот на аплицирање и документите да можат да се достават по електронски пат или по пошта.
Се друго преставува ризикување и поигрување со здравјето на скопјани, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарни избори 2020