вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 4
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ја засмејува јавноста кога вели дека градел и работел, хуморот нема да го спаси да одговара за дивоградбите и законските кршења

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ја засмејува јавноста кога вели дека градел и работел, хуморот нема да го спаси да одговара за дивоградбите и законските кршења

Шилегов ја засмејува јавноста кога вели дека градел и работел, хуморот нема да го спаси да одговара за дивоградбите и законските кршења. За каква понуда и реализирани проекти зборува Шилегов? За тунелот под Кале? За продолжувањето на булевар „Илинден“ кон Ѓорче Петров со мост преку Вардар? За почист и позелен град? За што? Стварно добри шеги од градоначалникот во заминување, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но добро е што се свестил, па од ќе добијам во прв круг, се спушта на земја, и вели се надевам дека ќе ја добијам довербата повторно, ајде Петре уште малку ти фали и сам на себе да си признаеш дека ќе изгубиш, а после тоа кажи им и на твоите да не се надеваат. Шилегов е фатен како направил луксузна хациенда во Маврово, која е поскапа од тоа што го пријавил во анкетниот лист, факт кој и самиот го признал. Тој градеше дивоградба во Тафталиџе и го зголеми својот возен парк. Фактот дека Шилегов кршел закони, градел дивоградби и лаже за својата имотна не може да се прикрие. Тој нема направено ништо за Скопје. Ниту еден проект, посочуваат од партијата.

Локални избори 2021