понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 132
Во живо

Прес-конференција на Александар Николоски

home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на Град Скопје

Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на Град Скопје, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шилегов откако стана градоначалник ништо не стори за Град Скопје. Ветуваше живот за скопјани, но добија само смет по улици и казни. Наместо зеленило за Скопје тој ги сече кришум дрвјата по општина Аеродром. Шилегов можеби е добар за неговиот шеф Зоран Заев, но за Скопје не е. Единствено достигнување на Шилегов е промоција ма автобуска постојка и рекламирање како вози тротинет. За овие скоро две години Шилегов само докажа дека нема капацитет да биде татко на Град на Скопје, порачаа од партијата.