вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 113
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов 2 години по ред плаќа по 1 милион евра за изнајмување на машини за чистење на снег кој го нема

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов 2 години по ред плаќа по 1 милион евра за изнајмување на машини за чистење на снег кој го нема

Петре Шилегов две години по ред плаќа 1 милиони евра годишно за изнајмување на машини за чистење на снег кој го нема. 2 години по ред сопственикот на фирмата Аполо Инжинеринг става 1 милиона евра во џеб, во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

64.900.000,00 (со ддв) денари е договорот кој Петре Шилегов на 18.09.2019 го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на градските улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15ти Март за зимата 2019/2020 и за зимата 2020/2021. Ист ваков штетен и криминален договор Петре Шилегов склучува и есенва, 18.09.2021 на само еден месец пред избори за оваа зима и наредната, нормално со истата фирма.

Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво.

Во 2020 година немаше снег, и скоро и да не беше употребена механизација. Но тоа не ја спречува Аполо Инжинеринг да се наплати и да си ги земе 1 милион евра, кои и следат според договорот.

Еве го договорот низ призма на бројки:

За периодот од 15 Ноември до 15 Март двете зими 2019 и 2020 фирмата добитник на тендерот за чистење снег има реални трошоци од скоро нула денари. Како што бевме сите сведоци снег тие 2 зими и да не видовме. Во превод чист милион евра во сопствениот џеб а изваден од џебот на граѓаните.

И на ова можеби ќе добиеме одговор “што доколку зимава имаме обилни врнежи од снег”.
И да има врнежи од снег дали камионите кои ќе поминат со плуг и ќе фрлат сол која исто така ја набавува градот во друга постапка која изнесува околу 300.000 евра, вредат над еден милион евра ? Се разбира дека не! Овде се работи за цунами по буџетот на град Скопје, за неодговорно и криминогено однесување.

На ваквите договори ќе им дојде крај. Парите на Скопјани нема повеќе да се трошат на непродуктивни трошења и крајно сомнителнј набавки, се вели со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус