вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 169
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ открива нов случај на непотизам

ВМРО-ДПМНЕ открива нов случај на непотизам

Општина Гази Баба под раководство на СДСМ и Борче Георгиевски продолжува да се партизира и приватизира. Општина во која наместо живот има стагнација, нереализирани проекти, услови за живот кои се далеку од нормални за времето во кое живееме. Граѓаните се разочарани и се чувствуваат измамени бидејќи ветувањата на СДСМ и Борче Георгиевски останаа само слово на хартија, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска која додаде:

„Но затоа вработувањата на партиски кадри не престанува, а за сметка на тоа долгогодишни професионалци се отпуштаа од работа. Со еден збор како што милува деспотот Заев да каже блескаме, ама блескаме во делот на непотизам. Последно од низата на партиски вработувања, унапредувања и именување на директори со класичен пример за непотизам е поставувањето на директор на основното училиште „Наум Наумовски Борче“. Имено, новата директорка на ОУ „Наум Наумовски Борче“ е сестра на директорот на средното училиште „Михајло Пупин“. Братот директор, сестрата директорка.“

Тоа e принципот на функционирање на СДСМ, роднински и тесно партиски. Граѓаните нема да останат неми на овие случувања и ќе го казнат лицемерното однесување на СДСМ. Затоа што граѓаните на Гази Баба заслужуваат многу повеќе, потенцира Пешевска.