вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ ОК Чаир: Уште еднаш покажавме дека правите чаирчани биле и секогаш ќе останат на браникот на својата татковина

ВМРО-ДПМНЕ ОК Чаир: Уште еднаш покажавме дека правите чаирчани биле и секогаш ќе останат на браникот на својата татковина

Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави статус каде пишува дека правите чаирчани биле и секогаш ќе останат на браникот на својата татковина.

-Драги Чаирчани, со гордост можам да кажам дека ние сме вистинските патриоти, ние сме граѓани кои знаат да ги почитуваат и вреднуваат националните интереси. Уште еднаш покажавме дека правите чаирчани биле и секогаш ќе останат на браникот на својата татковина.

Ако внимателно ги анализираме избирачките места во Чаир, ќе забележиме дека масовната подршка за СДС или приближно 95% од нивните гласови се од албанското гласачко тело, додека гласовите на ВМРО-ДПМНЕ се 100% од македонското гласачко тело, а тоа покажува многу за определеноста на гласачите на овие претседателски избори.

Резултатите кои ги остваривме како ВМРО-ДПМНЕ ми даваат само дополнителен мотив, за периодот кои следи да не застанеме со нашите активности, да не застанеме со посетите и разговорите со нашите сограѓани, и само на тој начин ќе имаме уште подбори резултати на следните избори, каде што ќе ја оставрие и новата голема победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Голема благодарност до сите оние граѓани кои ја препознаа вистинската опција, ја препознаа правадата и правдината за Република Македонија на овие претседателски избори.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Република Македонија!

Братски поздрав!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус