среда, 30. септември 2020. Вести денес: 87
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ до Шилегов: Дрвата кои ги сечеа Богоев и Марин за нови згради или за нешто друго се?

ВМРО-ДПМНЕ до Шилегов: Дрвата кои ги сечеа Богоев и Марин за нови згради или за нешто друго се?

Петре Шилегов по примерот на Зоран Заев свесно лаже и ги манипулира скопјани. Градоначалниците на СДСМ сечат дрва низ цело Скопје, а Шилегов игра на картата на кратка меморија на граѓаните кога вели дека не сечеле дрва. Доколку сепак Шилегов има дупка во меморијата, па не се сеќава што правеа Златко Марин и Стефан Богоев пред неколку месеци, ние ќе го потсетиме со фото и видео материјал како се сечеа дрва за да се градат згради, токму од него и неговите градоначалници, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

-Богоев сечеше дрва кај Веро во Карпош, а Марин сечеше дрва низ цел Аеродром. Ова е вистинската слика на СДСМ. Уништуваат зеленило и ја загрозуваат животната средина, а потоа лажат, потенцираше Шилегов кој подвлече:

„Лагите и манипулациите нема да им помогнат на СДСМ. Скопјани одамна ги прочитаа. За уништувањето на зеленилото, загрозувањето на животната средина и неработата во изминативе две години следува казна на 12 април, кога СДСМ ќе изгуби во Скопје.“

Коронавирус