петок, 17. септември 2021. Вести денес: 117
home Скопје

ВМРО-ДПМНE до Марин: Ги излажа граѓаните, сега се правдаш дека си немоќен, градежната експанзија на зелени површини зголемена

ВМРО-ДПМНE до Марин: Ги излажа граѓаните, сега се правдаш дека си немоќен, градежната експанзија на зелени површини зголемена

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром со реакција за пресот на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, кој се правдаше околу изградбата на зградата кај Мајчин дом во оваа населба.

-Градоначалнику Златко Марин, доколку имаш малку образ и чест поднеси си неотповиклива оставка! Ги излажа граѓаните! Цел Аеродром гледа колку си неспособен. Им ветуваше се и сешто на аеродромци само за да ги добиеш нивните гласови, а сега се правдаш дека си немоќен, се вели во реакцијата.

Тие потсетуваат дека главно предизборно ветување му беше дека градежната експанзија на сметка на зелените површини ќе биде запрена, а сега гледаме дека не само што не е запрена, туку е зголемена.

-Твојата констатација дека си немоќен е апсолутно точна, бидејќи наголемо се зборува за сомнителни договори со кои што ти се врзани рацете од градежната мафија. Тоа е причината зошто треба да си заминеш , уште веднаш, се вели во реакцијата

Коронавирус