недела, 25. јули 2021. Вести денес: 0
home Скопје

„Властите си ја префрлаат топката едни на други и не можат да решат проблем- неспособни сте и алчни по пари моќ и функција…мрш!“

„Властите си ја префрлаат топката едни на други и не можат да решат проблем- неспособни сте и алчни по пари моќ и функција…мрш!“

Мртов коњ во средата околу полноќ лежеше до патеката на кеј кај мостот од Железничка кон саем, каде има диви ромски населби.

На социјалните мрежи беше објавена фотографија на која се гледа дека коњот е измачуван, прегданет и дехидриран.

Под објавата на фотографијата, граѓаните коментираат дека треба да престане измачувањето на животните и со закон да биде забрането користењето на коњите како превозно средство, а еден Фејсбук статус беше најсподелуван од сите.

-ГНАСЕН НАРОД , МИ СЕ ГАДИ ОД ВАС !!!
Точно е 5 часот наутро а јас сеуште под голем бес и неможам да се соземам и да напишам статус и тоа што сакам да го напишам а да е пристојно, културно и пред се без да отерам некој во ……….
Некаде кај 00 часот видов една споделена објава од еден дечко на профитерското и политичкото здружение Анима Мунди каде дечково објавил дека случајно поминувајки со велосипед видел паднат коњ на кој му треба помош и дечкото апелираше да се мобилизираат друшствата и веднаш да излезат на терен со цел да му се помогне на коњот кој се наога на кејот на Вардар на патеката измегу Железничка станица и Саем, нормално за нив Анима Дунди е да ме блокираат да неможам да коментирам дека секогаш им ја кажувам вистината ….сакав да се мобилизираме и да помогнеме веднаш заедно но …..ПРОФИТЕРИТЕ АНИМА ДУНДИ некој што не се согласува со нив добива блок.

Кога ја видов објавата и коментарите подоле каде никаде ги немаше друшствата за заштита да пишат дека нешто ке се превземе решив да одам сам и да видам дали можам да помогнам на коњчето, заедно со мојот другар Naum Hadzi-Lega се спуштивме со автомобилот до самиот кеј и го најдовме коњот кој веќе беше починат, пробавме некако да го реанимираме со масирање онолку колку што знам но веке било доцна, врнеше премногу, ниту еден ветеринар не креваше телефон а ниту едно друшство на моите пораки за помош не најде време да одговори за да ми помогне, да дадеше било какви значи на живот или реакција ке го однесев со автомобил веднаш до Железара Ветеринарната каде мислам работат 24/7 иако на телефон не може да ги добиеш никако…… МЕТРОПОЛА СКОПЈЕ БЕЗ ДЕЖУРЕН ВЕТ….. МИ СЕ ГАДИ !!!!!

Коњот бил млад но измачуван од ромите, вероватно дехидриран, беше врзан околу устата,сигурно служел на плус 40 да носи приколица со железа на пеколен асвалт, жеден , без подковици , без вода и без никаква заштита… каде живееме , до кога ќе го гледаме ова …..сеедно ли вие друшства за заштита на животни……вие сте фејсбук друшства,лесно е да кликнеш share на објава , лесно е да бидеш гласен на фб со статуси и лесно е да се политизираш со цел да лапнеш проект од Град или Амбасада ….но каде сте кога треба да се критикува оштро, каде сте кога треба да се излезе веднаш ……со чест на исклучоци од некој ликови кој ги знам ……МИ СЕ ГАДИ ОД ВАС ДРУГИТЕ …..
Агенција За Храна И Ветеринарство ВАМ ви се обратив за надлежност и трајно решавање на овој проблем со измачување на коњите…се оградивте… Министерство за внатрешни работи вам ви се обративме неколку пати рековте не сте задлежни дека животните имале сопственик….ја префрлате топката од едни на други и НИКОЈ ОД ВАС не сте способни еднаш да го решите проблемот засекогаш а на избори ке ветувате сешто ….МИ СЕ ГАДИ ОД ВАС !!! НЕСПОСОБНИ СТЕ И АЛЧНИ ПО ПАРИ МОЌ И ФУНКЦИЈА ……МРШ !

Пријатели, новинари, портали , политичари ….ве молам споделете го овој статус, нели сме метропола, нели ГРАДОТ УБАВ a Петре Шилегов…. ова не смее повеке да се случува….нели ЕУ а Zoran Zaev ? Вака ли ?
Петре Шилегов лично пред година дена те прашав за овој проблем и те замолив да се заложиш да го решив,ме гледаше бледо и љуто небаре јас ти барав хотел мене да ме сместиш….до ден денес ништо не напраи ниту се потруди…а ВЕТИ …. наместо да изиграваш пијана смешка и собракај да регулираш што не е твоја работа те молам најди една нива,направи неколку кафези и побарај волонтери кој ке ги има ти ветувам многу кој ке се грижат за сите вакви коњи кој ги гледаме измачувани на улица…..направи нешто ако не одиси дај си оставка и пушти го патот на некој кој знае да работи ! Време е за Анимал Полис …..неспособна Влада и лугето во неа, оделата не ве прават интелектуалци и луге, делата ве прават …….ПРЕВЗЕМЕТЕ НЕШТО дека народов ќе ви пресуди многу брзо !!!
И да, ве молам надлежни институции да се погрижат за останките од коњот кој сеуште е таму ……
Се извинувам ако статусов е неуреден измешан и со грешки но верувајте сум сеуште потресен гневен …..

Коронавирус