понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Викендов меѓународен кружен натпревар во автомобилизам, по овие улици нема да може да возите во Скопје

Викендов меѓународен кружен натпревар во автомобилизам, по овие улици нема да може да возите во Скопје

Во периодот од 07.00 до 17.00 часот, овој викенд во организација на Автомобилистичка федерација, ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ Награда на град Скопје „Скопје-2019“.

Натпреварот ќе се одвива на потегот од крстосницата помеѓу бул.„Крсте Петков Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, право до крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Беласица“, до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосницата помеѓу улиците „Владимир Комаров“ и „Беласица“.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Коронавирус