четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 31
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Скопје

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 21.05.2022 (сабота) и на 22.05.2022 (недела), во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Ова е трето прскање, второто се изврши во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година , а првото на 29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес, велат од Градот.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Коронавирус