понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 47
home Скопје

ВИДЕО: Скопјанец чува мече како домашно милениче

ВИДЕО: Скопјанец чува мече како домашно милениче

Изминатиов период сме сведоци на разни скандалозни и шокантни видеа кои што се објавуваат на социјалната мрежа ТикТок од страна на корисници од нашата држава.

На социјалната мрежа Твитер масовно се споделува видеото кое што е пронајдено на социјалната мрежа ТикТок со наслов „скопски фраери чуваат мечка“, а се вели дека потекнува од некое од околните села.

Имено, на видеото подолу може да јасно да видите како мало мече си игра со куче од расата аргентинска дога. Догата во еден момент,  го напаѓа мечето.

Причината се уште не е позната, дали мечето е заловено како домашно милениче или пак за тренинг на кучиња кои што нелегално се спремаат за борби.

Во Република Македонија има закон со кој мечките се под трајна заштита на државата и не смеат да се уловуваат. И покрај овој закон, сепак тоа не го спречило овој човек да залови мечка.

 

ЕУРО 2020

Македонија