сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

ВИДЕО: Се запали автомобил позади Порта Аеродром

ВИДЕО: Се запали автомобил позади Порта Аеродром

Вечерва, нешто по 19 часот, избил пожар во скопската населба Аеродром, поточно на улицата Методија Шаторов Шарло, каде што се запалил автомобил паркиран на паркинг.

Како што објавија дел од медиумите, пожарот настанал покрај станбена зграда во Аеродром, а засега не е позната причината за пожарот.

Жители од зградата во паника ги напуштиле своите домови, а командирот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, за порталот Нова изјавил дека нема потреба од вознемиреност и дека не постои никаква опасност за зградата.

Соседите рекле дека слушнале силна експлозија и веднаш излегле надвор, а тогаш забележале дека автомобилот е во пламен.

Освен материјалната штета, повредени нема.

Коронавирус