среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Скопје

ВИДЕО: Очајот кај СДСМ расте – жена од Влае нападната од хулигани на Весковски бидејќи собирала летоци со црна кампања против Јакимовски

ВИДЕО: Очајот кај СДСМ расте – жена од Влае нападната од хулигани на Весковски бидејќи собирала летоци со црна кампања против Јакимовски

Активисти на СДСМ, не бираат средства и начин во пресметките со неистомислениците. Толку се очајни поради поразот кој им претстои во недела, што напаѓаат дури и жени.

Хулигани на Душко Весковски нападнале жена која собирала летоци со црна кампања од пред нејзиниот двор кои правеле ѓубре. Летоците со недолична содржина која се однесувала на против кандидатот на Весковски, Стевчо Јакимовски, биле фрлени низ нејзината улица, пред нејзината куќа, а дел биле оставени на автомобилот на нејзиниот сопруг, како и по автомобилите на соседите.

Таа почнала да ги собира кога се паркирале две возила. Од едното излегол крупен дечко кој вербално на ја нападнал и ја натерал веднаш да ги врати летоците на автомобилите.

Жената го повикала сопругот кој веднаш излегол. Кога тргнале и двајцата да се враќаат дома, се запалиле светла од неколку возила кои ги чекале во уличката. Хулигани излегле од возилата, почнале да ги навредуваат, да ги пцујат и да фрлаат со предмети додека жената и сопругот се обидувале да си влезат во дворот. Им се заканиле да не излегуваат повеќе надвор и дека ќе ги чекаат цела ноќ доколку излезат.

Од СДСМ за овој инцидент ја обвинија жената, нарекувајќи ја криминалец кој напаѓа политички активити.

Коронавирус