сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Скопје

ВИДЕО: Игралиштето Бојмија како изорана нива, Марин се фали дека направил парк

ВИДЕО: Игралиштето Бојмија како изорана нива, Марин се фали дека направил парк

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, се пофали дека активностите околу изградбата на новиот парк и игралиштето „Бојмија“ се одвиваат според предвидениот тек.

Според фалбите на Марин, моментално се зазеленува просторот околу паркот, се градат патеките и новото детско игралиште, фитнес зоната, како и новото професионално фудбалско игралиште со дренажа според сите светски стандарди.

Но, сликата на терен, го покажува токму спротивното- игралиштето Бојмија е како изорана нива.

Инаку, паркот Бојмија ги чинеше граѓаните на Аеродром над 720 илјади евра.

Коронавирус