вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

ВИДЕО: Бутел блокиран и поплавен – Дождот направи езера, градоначалникот го нема

ВИДЕО: Бутел блокиран и поплавен – Дождот направи езера, градоначалникот го нема

Повеќе од еден час возење им е потребен на жителите на Бутел за да излезат од нивната населба.

Поради доцнењето на изградбата на новиот булевар, целиот сообраќај е блокиран, а веќе постоечките сообраќајници поради невремето, се полни со вода, пишува порталот Лидер.

Во исто време, поради поројниот дожд блокиран е единствениот влез до единствената амбуланта во Бутел.

Инаку, жителите на Бутел се единствени во Македонија кои не избраа градоначалник од нивната општина. Нивниот градоначалник Велимир Смилевски, живее во Центар.