понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Скопје

Ветувањата на Богоев за чист воздух останаа само празно слово на хартија (ФОТО+ВИДЕО)

Ветувањата на Богоев за чист воздух останаа само празно слово на хартија (ФОТО+ВИДЕО)

Локалната и централна власт со месеци продолжуваат да го игнорираат проблемот со загадениот воздух кој што штетно влијае врз здравјето на граѓаните. Мерните станици за квалитет на воздухот во голем број на скопски општини  константно бележат енормна загаденост на воздухот, а со самото тоа расте и револтот кај граѓаните.

Главниот приоритет во програмите „Живот за сите“ на скопските градоначалници од СДСМ, беше токму заштитата на животната средина и чистиот воздух. Меѓутоа и по една година нема ништо од ветените проекти.

Имено градоначалникот на општина Карпош од СДСМ Стефан Богоев не пропушташе ниту една прес конференција а да не го обвини тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски дека ги оставил Карпошани сами да се борат против загадувањето и самите тие да ги лоцираат загадувачите, без никаква помош од општината.

За потсетување на јавноста, Богоев во предизборниот период за локалните избори во 2017 година ветуваше попис на зеленилото на територија на општина Карпош како и иницијатива за формирање на Еко полиција во соработка со извршната власт.

-Затоа, по победата на изборите планираме попис на целото зеленило на територија на општина Карпош и негова заштита, изградба на нови паркови и зелени површини секаде онаму каде што е изводливо, како и иницијатива за формирање на Еко полиција во соработка со извршната власт. На овој начин ќе се заштити и унапреди постоечкото зеленило и ќе се лоцираат и казнат загадувачите. Гарантираме чист воздух и поголеми зелени површини за сите граѓани на Карпош, вети Богоев во 2017 година.

Но, денеска од позиција Богоев сосема ги заборави неговите ветувања.

Според мерните единци Карпош веќе неколку месеци ги руши рекорди со загадениот воздух. Дополнително Богоев не само што нема започнато со пописот на зеленилото и изградба на зелени површини, туку граѓаните беа сведоци и на неколку акции на сечење на дрвјата во Карпош. Ова предизвика голема вознемиреност и револт бидејќи надлежните дозволиле да се сечат повеќегодишни дрва.

 

 

Со ова се потврдуваат популистичките мерки на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев кои имаа само цел полесно дограбување до власт и мека фотелја, а неговите ветувања останаа само празно слово на хартија.