сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Скопје

Ветеното ново средно училиште во Аеродром го нема на повидок

Ветеното ново средно училиште во Аеродром го нема на повидок

На денешната седница за советнички прашања во градот Скопје, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Анета Стојановска-Стефанова, упати прашање до градоначалникот Петре Шилегов- до каде е постапката за отпочнување со градба на ново средно училиште во општина Аеродром, со цел да се понуди европско образование во домашни услови.

Градоначалникот Шилегов немаше конкретен одговор кога ќе почне со градба ова ново средно училиште ветено во неговата програма.

Тој најави дека очекува средства од Министерството за образование и наука по што би се почнало со градба и најоптимистички, истата би можела да се види до крајот на неговиот мандат.

Коронавирус