сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Велковски: Ова не е Бангладеш, ова е улица Македонско- Косовска Бригада во Чаир, Шилегов уште еднаш се покажа како неуспешен градоначалник (ВИДЕО)

Велковски: Ова не е Бангладеш, ова е улица Македонско- Косовска Бригада во Чаир, Шилегов уште еднаш се покажа како неуспешен градоначалник (ВИДЕО)

Ова не е Бангладеш, ова е улица Македонско – Косовска Бригада во Општина Чаир само неколку месеци како официјлно беше завршена реконструкцијата на истата за која беа потрошени илјадници евра, поточно 56 милиони денари, пари на граѓаните на Општина Чаир. За само неколку минути пороен дожд успеа во должина од повеќе стотици метри да се поплави и граѓаните да неможат безбедно да се движат по истата, ниту да дојдат до своите домови, вели Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир Ѓоко Велковски.

-Петре Шилегов уште еднаш се покажа како неуспешен градоначалник и уште еднаш се виде неговата неспособност и несериозниот пристап и непознавање на локалните проблеми, ниту па истиот има визија и знаење како истите да бидат решени. Да не говориме за неквалитетните изведби и паушалните проекти кои Петре Шилегов и Град Скопје ги направи во Општина Чаир и пошироко во градот Скопје.
Граѓаните на Град Скопје и Општина Чаир за неполни 3 месеци ќе имаат можност да го казнат Петре Шилегов и СДСМ за ваквиот начин на одбесување кон нив.
Доста е Петре времето ти истече, време е да заминеш во историјата!
Поздрав за заминување од жителите на Општина Чаир ќе добиеш наскоро, пишува Велковски на Фејсбук.

Коронавирус