четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 3
home Скопје

Велковски: Комисијата за заразни болести и Владата на чело со Оливер и Венко, не превземаат никакви мерки за ставање под контрола на ситуацијата во Чаир

Велковски: Комисијата за заразни болести и Владата на чело со Оливер и Венко, не превземаат никакви мерки за ставање под контрола на ситуацијата во Чаир

Денес повторно се соочуваме со голема бројка на новозаразени од Ковид-19 во Општина Чаир, досега вкупно се заразени дури 209 лица.

Надлежните органи за постапување во справувањето со Ковид-19, Комисијата за заразни болести и Владата на чело со Оливер и Венко, не превземаат никакви мерки за спречување и ставање на оваа ситуација по контрола, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК-ЧАИР и Советник во Општина Чаир, Ѓоко Велковски.

Граѓаните на Општина Чаир и денес живеат во страв и грч од опасноста за зараза со корона вирусот.

Како жител на оваа општина и актуелен советник, заедно со сите членови на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир, ги повикувам надлежните институции, започнувајќи од Комисијата и Владата, па се до надлежната полициска станица Бит Пазар и сите државни инспекции, да започнат со секојдневни и строги контроли на населението, на пазарите, чаршијата и маркетите, и конечно да се стави до знаење кај секој еден од нас дека задолжително е носењето на маски и почитување на другите заштитни мерки. Лицата вклучени во бизнис секторот како што се малските продавници, аптеки, маркети, работилници, занаетчии и останати, задолжително, повторувам задолжително, да ги имаат превземено и постојано да се применуваат сите заштитни мерки и протоколи за работа со странки. Доколку бидат детектурани неправилности, слободно да се казнуваат сите чинители кои предизвикуваат опасност од ширење на овој вирус.

Време е Комисијата за заразни болести да постапува согласно фактичката состојба и да не отстапува од својот став, да не чека да соопшти и предложи што ќе им биде наложено од центарот за коминикации на сдсм. Владата итно да донесе дополнителни мерки за Општина Чаир со цел намалување и спречување од ширење на заразата од Ковид-19.

Ако вие како институции и овластени лица сте одговорни, а не сте способни тоа да го направите веднаш да си поднесете неотповикливи оставки, порачува Велковски.

Најнови вести

Локални избори 2021