недела, 16. декември 2018. Вести денес: 34
Во живо

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

home Скопје

Вдомени десет кучиња во акцијата за згрижување бездомни животни

Вдомени десет кучиња во акцијата за згрижување бездомни животни

Вдомени се 10 кучиња во отворените денови за вдомување бездомни животни, што од 4 до 10 октомври ги организираа ЈП „Комунална хигиена“ и Стационарот „Вардариште“.

Како што информира Град Скопје, 60 кучиња што беа достапни за вдомување, претходно беа прегледани од ветеринарен доктор, беа стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило.

– Граѓаните заинтересирани да вдомат бездомно куче и да му ја подарат својата љубов и грижа во оваа акција имаа можност да земат миленик без паричен надомест. За таа цел, вратите на стационарот „Вардариште“ во периодот од 4 до 10 октомври беа отворени секој ден, од 9 до 19 часот, информира Град Скопје.

Акцијата за вдомување кучиња се организираше во рамки на одбележувањето на 4 Октомври – Светскиот ден посветен на заштитата на животните.

Градот Скопје ги потсетува љубителите на животни дека доколку се одлучат да вдомат бездомно куче од стационарот „Вардариште“, тоа може да го направат и во деновите од вторник до сабота, од 9 до 13 часот.

МИА