среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 41
home Скопје

УЖ на Бутел ВМРО-ДПМНЕ со трибина за борба против насилството врз жените

УЖ на Бутел ВМРО-ДПМНЕ со трибина за борба против насилството врз жените

Меѓународниот ден на борба против насилството врз жените одбележан во ОК на ВМРО ДПМНЕ Бутел.

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во Бутел вечерва организираше трибина со масовно присуство на жени од различни возрасти, професии и животни искуства.

-Секојдневно сме сведоци на различни облици на насилство врз жените. Но исто така сме сведоци дека ставовите кон насилството се менуваат. Жените повеќе не го премолчуваат, отворено разговараат за него и низ различни форми се трудат да справат со него. Поддршката што при тоа ја даваат една на друга е дополнителен мотив да се бараат решенија вон и во институциите на системот. Ние жените се охрабруваме, се обединуваме, сакаме и можеме да си помогнеме една на друга во надминување на проблемите во врска со насилството врз нас, во било кој облик и во било кое време, беа пораките упатени од трибината.

Коронавирус