недела, 18. август 2019. Вести денес: 52
home Скопје

Утре протест во Аеродром, во сабота во Ченто: Зошто никој не го слуша гласот на граѓаните?

Протести утре и во сабота. Жителите на Аеродром и Ченто прашуваат зошто никој не го слуша гласот на народот?
Утре протест во Аеродром, во сабота во Ченто: Зошто никој не го слуша гласот на граѓаните?

Жителите на општина Аеродром најавуваат протест за утре во 19 часот на паркингот пред поликлинитата „Јане Сандандски“. Тие, како што велат, ќе го искажат незадоволството по однос на Одлуката на Министерството за здравство за давање метадонска терапија во поликлиника во нивната населба.

Во креираниот настан на социјалните мрежи, аеродромци го повикуваат и градоначалникот Златко Марин да присуствува на протестот и да одговори на повеќе прашања.

-Почитувани Аеродромци. Борбата против идејата на министерот за здравство за Центарот за зависници да биде префрлен во поликлиниката „Јане Сандански“ во општина Аеродром, ПРОДОЛЖУВА.
Зошто никој не го слуша гласот на Аеродромци? Дали градоначалникот Марин ја подржува идејата во општината со која раководи да има Центар за зависници и го одобрил ова? Го покануваме лично градоначалникот Марин да присуствува на ПРОТЕСТОТ и да одговори на овие прашања, стои во објавата и се додава:

„Жителите немаат ништо против лечењето на зависниците. Но, сметаме дека лечењето треба да се одвива во специјални установи, но не и на локација која нема соодветни услови, а најмалку во поликлиника каде што има педијатриски оддел за новороденчиња, бебиња и деца. Дополнително на се, во близина се наоѓаат две детски градинки, едно основно училиште и еден дом за згрижување на стари лица. Присуството на зависниците од дрога во овој дел на градот е нешто кое, оправдано, не вознемирува нас, какожители на Општина Аеродром. За таа цел, во четврток (25.07.2019), со почеток од 19.00 часот на паркингот пред поликлинитата „Јане Сандандски“, ПОВТОРНО да се собереме и да го искажеме нашето незадоволство по однос на Одлуката на Министерството за здравство“.

И жителите на скопската населба Ченто најавуваат протест за во сабота.

-Во сабота во 11:00 часот ќе се оддржи граѓански протес против одлуката на Министерството за Здравство, за давање на метадонска терапија во Поликлиника Ченто. Протестот ќе се одржи пред влезот поликлиникат, стои во објавата.

Инаку, пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе можат да добиваат метадон на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење, односно во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански“, во Психијатриска болница-Скопје, на веќе познатата локација во општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 Септември.

По повеќегодишниот отпор од граѓаните на Кисела Вода и цврстото НЕ од оние од Гази Баба, Министерството за здравство најде ново решение. Зависниците ќе ги распредели во други општини. Стравот кој го имаа родителите од Кисела Вода и Гази Баба, сега оди на терет на граѓаните од Аеродром, Ченто и Карпош.

Министерот за здравство потврди дека со дисперзијата што ја прават, во Центарот за зависности во Кисела Вода ќе останат само мал број на корисници на метадон и не очекуваат проблеми со локалното население.

По кој основ Филипче е сигурен дека граѓаните нема да реагираат, не е познато. И пред објава на локацијата во Гази Баба се пофали дека најде решение, но се повлече откако граѓаните му кажаа дека нема да дозволат зависници да се шетаат во тоа населено место.

Министерот и сите оние околу него, кои ги носат ваквите одлуки, сигурно знаат каде се наоѓа поликлиниката „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром. Сигурно знаат и дека во истата има педијатриски оддел за новороденчиња, бебиња и деца. Во близина се наоѓаат две детски градинки, едно основно училиште и еден дом за згрижување на стари лица. Присуството на зависниците од дрога во овој дел на градот е нешто кое, оправдано, ги вознемири жителите.

Граѓаните на Ченто исто така нема да дозволат меѓу нивните деца во поликлиниката, да доаѓаат и зависниците.

Ниту оние од Кисела Вода нема да останат мирни иако веќе две децении стравуваат за својата, но најмногу за безбедноста на своите деца. Дел од зависниците остануваат да примаат терапија таму.