вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 172
home Скопје

Утре посебен сообраќаен режим во Центар, овие улици ќе бидат затворени

Утре посебен сообраќаен режим во Центар, овие улици ќе бидат затворени

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека за утре од 12,00 часот е закажан јавен собир во Скопје.

-Поради тоа ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно истиот ќе биде пренасочен на улицата „11-ти Октомври“ и улицата “Димитрие Чуповски“, потоа на потегот од крстосницата помеѓу улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ до крстосница помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и улицата „ Филип Втори Македонски“, информираат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.