вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 108
home Скопје

Утре и задутре привремен сообраќаен режим во општина Аеродром

Утре и задутре привремен сообраќаен режим во општина Аеродром

Град Скопје информира дека утре поради градежни активности за формирање прекоп за подземни инсталации на дел од булеварот „АСНОМ“ во општина Аеродром, ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

-Сообраќајот ќе се одвива според времено решение од 7 часот наутро до 14 часот попладне, па од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Васко Карангелевски“, за сообраќај ќе се користи сервисната улица меѓу хотел „Хилтон“ и хотел „Русија“, се вели во соопштението од Град Скопје.

В сабота од 7 до 18 часот поради градежни активности на булеварот „АСНОМ“ во близина на мостот „Тодор Александров“, сообраќајот ќе се одвива во неколку сообраќајни ленти во двете насоки и овој времен режим на сообраќај ќе важи до завршување на активностите.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.