четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Утре целосно затворена за сообраќај скопска улица, овие автобуски линии ќе бидат пренасочени

Утре целосно затворена за сообраќај скопска улица, овие автобуски линии ќе бидат пренасочени

Утре, сабота (28.09.2019 година), поради градежни активности на улица „Благоја Стефковски“ од 8 до 24 часот улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од потегот после Триангла (поделба кон Ченто и Маџари), се до пред завртувањето кон улица „Перо Наков“.

Од тие причини, линиите 50, 52, 53, 62, 63, 63А, 66, 66А, 68 и 69 ќе бидат пренасочени:

*кога се движат кон Центар во Маџари (Термо), ќе свртат лево по улица „Перо Наков“, кај „Тинекс“ ќе свртат десно на булевар „Киро Глигоров“ и преку надвозникот кон булевар „Александар Македонски“, па по редовната траса ќе сообраќаат до крајната постојка

*од Центар ќе сообраќаат по истата траса, односно од Автокоманда (постојка Алкалоид), по надвозникот ќе вртат десно на булевар „Киро Глигоров“, па лево по улица „Перо Наков“ и кај Термо десно на улица „Благоја Стефковски“, до крај по своите траси.