среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home Скопје

Утре без вода делови од општина Центар

Утре без вода делови од општина Центар

Заради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 300 мм на ул. „Димитрие Чупоски бб“ (пред Просветно Дело), утре без вода ќе бидат делови од општина Центар.

Како што соопшти РЦУК прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, а без вода ќе бидат корисниците од ул. „Димитрие Чупоски бб“ на потегот од гимназијата Јосип Броз Тито до ул. „Никола Вапцаров“, во општина Центар. (МИА)