понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Скопје

Утре без струја делови во повеќе скопски општини

Утре без струја делови во повеќе скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат делови од повеќе скопски општини.

Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување од „ЕВН Македонија“ АД, без струја од 06:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од с. Варвара и дел од с. Батинци во Општина Студеничани, од 07:00 до 13:00 часот корисниците од објектите кои се наоѓат во близина на ЈЗУ Универзитетска Клиника по хирушки болести, „Св. Наум Охридски“ на ул. 11-ти Октомври во Општина Центар и од 09:00 до 12:00 часот, објектите во кругот на спортскиот аеродром, „Стенковец“. во Општина Чучер Сандево.

Утре без напојување со електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од село Горно Оризари во Општина Ѓорче Петров, во Општина Карпош, пак, без струја од 09:00 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. Пресека и дел од ул. Сливовска, од 09:30 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. Бранислав Нушиќ, од 09:30 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. Букурешка и од 11:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Париска и ул. Хелсинска.