понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 64
home Скопје

Усвоен буџетот на Општина Карпош за 2022 година

Усвоен буџетот на Општина Карпош за 2022 година

Советниците на Општина Карпош денеска на третата седница го усвоија општинскиот Буџет за 2022 година, кој ќе изнесува 485.263.000 денари, и според кој се предвидени повеќе активности од областа образование, култура, спорт, детска, социјална и здравствена заштита.

Како што информира Општина Карпош, усвоени се и годишните програми за 2022 година за активностите на локалната самоуправа од областа на екологијата и енергетската ефикасност, урбанистичкото планирање и развој на општината, уредување на градежното земјиште, како и програмата за изградба, редовно, инвестициско и зимско одржување на сервисни, станбени улици и локални патишта на територијата на локалната самоуправа.

Советниците дадоа „зелено светло“ и за предлог-програмите за активностите на општина Карпош од областа на информатичката технологија, за месната самоуправа, за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра, како и за програмите на одделението за односи со јавноста и еднаквите можности меѓу жените и мажите.

На седницата беше усвоена предлог-одлуката за донесување техничка исправка за градежна парцела 4.6.7 од ДУП за населбата Влае 1, дел Б (Одлука бр. 07-1080/1 од 19.07.2002 година). Беше усвоена одлуката за утврдување надомест на членовите на Општинската изборна комисија – Карпош и избирачките одбори на подрачјето на локалната самоуправа за извршената работа при подготовката и спроведување на Локалните избори во 2021 година. Советниците гласаа и за одлуката со која се одобруваат финансиски средства, предвидени за изборот на заслужен граѓанин на општина Карпош.

Советот ги разгледаа и усвои предлог-програмите на Одделенијата и Секторите од локалната самоуправа. Беше усвоен Заклучокот за информацијата која ја обезбеди општинската администрација, која што се однесува на изработка на техничка спецификација со цел, комисиите и седниците на Советот преку стриминг сервис да се емитуваат во живо.

Коронавирус