Скопје стана преплавено со кучиња скитници, а граѓаните се преплашени. Искасани граѓани се секојдневна слика во главниот град во државава.
Уште двајца скопјани вчера беа ксанати од кучиња скитници.
Во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.Б. (78) од Скопје пријавил дека на улица „Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
Во Полициската станица Аеродром, исто така вчера во 12.35 часот , М.Ѓ. (21) од Скопје пријавил дека на улица „Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници, а градскиот татко Петре Шилегов се уште нема решение за ова.