среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 135
home Скопје

Уште два нови случаи: 16- годишно девојче и 71- годишен старец искасани од кучиња во Скопје

Уште два нови случаи: 16- годишно девојче и 71- годишен старец искасани од кучиња во Скопје

Уште два нови случаи на каснување од кучиња скитници во Скопје.

Вчера во 15,50 часот во Полициската станица Аеродром В.Б. (71) од Скопје пријавил дека на булеварот “Видое Смилевски Бато“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Исто така, вчера во 22,20 часот во Полициската станица Аеродром А.Р. (42) од Скопје, пријавил дека на булеварот “Јане Сандански“ неговата 16- годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Искасани граѓани се секојдневна слика во главниот град во државава. Скопје стана преплавено со кучиња скитници, а граѓаните се преплашени. Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници, а градскиот татко Петре Шилегов се уште нема решение за ова.