вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Урнати два државни рекорди на Скопје трча 10K

Урнати два државни рекорди на Скопје трча 10K

Два државни рекорди на 10 километри на улична трка денеска беа урнати на третата по ред Skopje Run 10K на која учетвуваа околу 2.000 тркачи. Дарио Ивановски го надмина машкиот државен рекорд во 10 километри на улична трка каде истрча за 31:07 минути, додека Андријана Поп Арсова со 37:02 минути го урна женскиот државен рекорд во иста категорија.

Во машката категорија втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:49 минути. Од женските прва беше Теодора Симовиќ со 34:59 минути, второто место го зеде Андријана Поп Арсова и на третото место заврши Билјана Кираџиева со 37:59 минути.

Од штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути.

Во склоп на трката оваа година се организираше и хуманитарна акција за донации насловена #ЗасадиВоздух каде од продадените dry-fit маици се одделуваат средства за садници кои тимот на Skopje Run 10K и Град Скопје ќе ги засадат на погодна локација.

Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички. Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт на РСМ и Град Скопје, а ко-организатор е МВР на РСМ.