сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Уреден новиот зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“

Уреден новиот зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“

На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран  и хортикултурно уреден  нов зелен плоштад. Екипите на ЈП Паркови и зеленило го завршија уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри.

Зелената површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки.

Уредувањето на просторот се одвиваше во неколку фази, односно се изврши прекопување и отстранување на површинскиот слој што се замени со квалитетна почва.

На целиот зелен плоштад е поставен систем за наводнување на засадениот цветен расад од сезонско цвеќе од видот цинија, како и на тревникот и вегетацијата.

 

Коронавирус