недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Скопје

УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави десет куќички за улични кучиња

УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави десет куќички за улични кучиња

Уличните кучиња на скопските улици се реалност и ги има во се поголем број и тоа е само благодарение на негрижата на Петре Шилегов и во овој случај на Златко Марин. Во изминатиот период се отстранети куќарките на маалски кучиња, од страна на општина Аеродром кои беа поставени од совесни граѓани и здруженијата за заштита на животни кои Петре Шилегов и Златко Марин во предизборието силно ги манипулираа дека ќе ги заштитуваат нивните интереси.

Прашуваме, дали вака експресно, брзо и ефикасно како што ги отстранивте куќарките сте способни да израдите нов стационар со што ќе го решите овој проблем дали локалните власти ќе делуваат за сите останати проблеми на граѓаните? Дали вака брзо планирате да ги решавате проблемите со ѓубрето, загадувањето на воздухот, демолирањето на општинскиот инвентар, фрлањето на отрови по парковите, дивоградбите и сомнително изградените објекти на влијателни бизнисмени ?

Благодарение на вашата професионалност на дело и вршење на работата, сега кога доаѓа зимата овие животни нема да имаат каде да се засолнат. Денес Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ ќе постави нови десет куќички кои сами ги изработивме,.

Ги повикуваме Петре Шилегов и Златко Марин да ги остават куќичките доколку веќе поставените не беа по вкус за угледот на општината, а со тоа и на дело да ја докажат својата хуманост.

Интегрален текст од изјава за медиуми на Александар Андонов од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус