четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 18
home Скопје

Улиците во Скопје се претвараат во лизгалишта, властите не очекувале снег

Улиците во Скопје се претвараат во лизгалишта, властите не очекувале снег

Снегот во Скопје кој започна да врне попладнево веќе почна да создава проблеми за возачите и пешаците.

Граѓаните се жалат дека никој не фрла сол, нема машини кои во ваква ситуација веднаш треба да излезат на терен и да го расчистуваат. Тие коментираат дека властите и годинава очигледно се неподготвени за снежни врнежи.

По улиците се вози споро и крајно внимателно. Засега е исчистено само по Партизанска до Влае.

Граѓаните стравуваат дека ако продолжи да врне со овој интензитет , а температурите паднат под нулата, учиците ќе замрзнат, а тоа ќе направи дополнителен прблем во сообраќајот.

Тие апелираат што побрзо да се излези на терен и да се рсчистува етапно, најпрво сообраќајниците, а потоа и тротоарите.

Какво утро ќе дочекаат скопјани останува да видиме?

Извор: skopje1.mk

Коронавирус