вторник, 9. март 2021. Вести денес: 4
home Скопје

Угина жирафата во скопската Зоолошка градина

Угина жирафата во скопската Зоолошка градина

Угина една од трите жирафи во скопската Зоолошка градина. Жирафата Тобого, како што велат од градината, угинала ненадејно вчера, а денеска ѝ била направена обдукција при што не биле констатирани физички повреди.

„Во наредните денови ги очекуваме целосните резултати за причината за угинувањето на Тобого.
Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување“, велат од Зоолошката градина.

Тобого е роден во Франкфурт, Германија во декември 2010, а жител на Скопје Зоо беше од 5 ноември 2013.

извор: sdk.mk

Коронавирус