понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 75
home Скопје

Учениците во ОУ „Свети Климент Охридски“ во Бутел ја бојкотираат наставата

Учениците во ОУ „Свети Климент Охридски“ во Бутел ја бојкотираат наставата

Учениците во основното училиште Свети Климент Охридски во Општина Бутел, веќе неколку дена ја бојкотираат наставата.

Причината е немањето превоз за учениците кои живеат одалечени од училиштето и над три километри, а учениците кои немаат потреба од превозот се солидаризираат со своите соученици кои имаат потреба од оваа мерка и заеднички ја бојкотираат наставата.

Се бара итно одговор од градоначалникот Велимир Смилевски зошто веќе еден месец не е обезбеден превоз за учениците во основните училишта во Општина Бутел?!