вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 3
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Скопје

Твитер заедницата удри по Шилегов

Твитер заедницата удри по Шилегов
„Градоначалникот да ни ги наброи 28-те мерки кои ги превземал градот против загадувањето? Колку Тамари чини Дино Мерлин? Како планира да го реши проблемот со уличните кучиња во центарот на градот и останатите општини? Дали Скопје ќе превземе одговорност за нападнатите и повредените  граѓани од кучињата?“ се дел од прашањата кои твитерџиите ги поставуваа на твитер профилот на новинарот Горан Момироски за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Со гостувањето на Петре Шилегов на Алфа телевизија и отворените прашања кои имаше шанса да му ги постави твитер заедницата, се доби впечаток дека граѓаните воопшто не се задоволни од водењето на Град Скопје од актуелниот градоначалник. Твитер заедницата која важи за остар критичар на политиките и на опозицијата и на власта, воопшто не беше пријателски расположена кон градоначалникот имајќи ги во предвид многуте проблеми со коишто се соочува Скопје во последните неколку години од раководството на Шилегов.
Најмногу прашања имаше за ветувањата коишто предизборно ги даваше Петре Шилегов, а сега останаа само на хартија во програмата за реализирање.
Прашањата кон градоначалникот Шилегов можете да ги проследите на следниот линк.

Парламентарни избори 2020