петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 183
home Скопје

Трпковски: Поднесов тужба против Каевски за клеветите, повикувам институциите да истражат и на кој начин го стекнал имотот

Трпковски: Поднесов тужба против Каевски за клеветите, повикувам институциите да истражат и на кој начин го стекнал имотот

Денес сум тука пред Основен суд Скопје, да поднесам тужба за навреда и клевета против пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски. Пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски на партиска прес конференција мафташе со имотни листови, за земјиште сопственост на друго лице имплицирајќи дека земјиштето е мое, што е целосна невистина и партиска конструкција со цел да наштети на мојот углед и да влијае на локалните избори, истакна Стефче Трпковски, кандидат за градоначалник на општина Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мојот имот е запишан во имотен лист. И тој имотен лист е наведен во анкетен лист кој што е јавен документ.

Дарко Каевски наместо да се занимава со партиски конструкции, со цел да наштети на мојот углед со лаги и да влијае на локалните избори, треба на граѓаните до докаже како успеал на 30 години да купи стан и да заштеди 4 милиони денари во банка. Непотребни се дополнителни објаснувања и компарации.

Ги повикувам институциите да ја проверат мојата имотна состојба, имотната состојба на моите роднини и пријатели. Но и да ја проверат имотната состојба на Дарко Каевски, неговите роднини и неговите пријатели.

Очекувам Дарко Каевски да го докаже стекнатиот имот, а доколку не може да докаже тогаш институциите да постапат согласно Законот, додава Трпковски.

Коронавирус