среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Трет мандат за Трпковски во Сопиште и мнозинство во советот на општината

Трет мандат за Трпковски во Сопиште и мнозинство во советот на општината

Стефче Трпковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Сопиште вчера убедливо победи и го освои третиот мандат.

Според податоците од Државната изборна комисија на 100 отсто преброени гласови, Трпковски освои 2.161 гласови, а кандидатот на СДСМ, Сашо Стојановски 986 гласа.

Излезноста на изборниот ден во општината била 63,67%.

Според анализата на гласовите, во општинскиот совет ВМРО-ДПМНЕ повторно освојува мнозинство со шест советници. СДСМ изгуби едно советничко место и сега има два советника. Исто толку има и ДУИ додека едно советничко место добива АА/А.

Коронавирус